ЛШ полувреме: Олимпик одличен на „Бернабеу“, Бенфика и Тотенхем со минимална предност

36

Реал (М) и Олимпик (М) одиграа одлично прво полувреме вечерва на отворањето на новата сезона од Лигата на шампионите. И двата тима покажаа одличен офанзивен фудбал кој донесе два, а можеше да донесе и уште најмалку толку погодоци, ако стрелците беа поприсебни. Гостите отворија со голот на Тимоти Веа во 22. минута, додека Реал израмни преку Мбапе од пенал во 28. минута.

Фудбалерите на Јувентус и Борусија (Д) на пауза заминаа без постигнат гол. Привидната иницијатива на Јувентус донесе само една зрела шанса за гол, додека гостите не успеаја сериозно да се заканат кон голот на Италијанците.

Бенфика успеа да обезбеди предност од 2:1 по првиот дел на мечот со Карабах. Брзо во 6. минута Баренечеа отвори за 1:0, а по него Павлидис зголеми ина 2:0. Гостите не се предадоа, па Андраде во 30. минута намали на 2:1 и остави простор во вториот дел азербејџанскиот шампион да се бори за реми.

Во Лондон Тотенхем води со 1:0 против Виљареал и тоа само поради автоголот на гостинскиот голман Жуниор во 4. минута.

ПретходноТрагедија: На фудбалски меч почина некогашниот капитен на Црвена звезда
СледноУ17: Минимален пораз на пријателскиот меч со Кипар