Денеска на програмата од шестото коло од ПМФЛ шампионатот се мечевите помеѓу Македонија ЃП и Брера односно Башкими и Силекс.
И во двата случаи домашните екипи имаат водство на полувреме.
Екипата на Македонија ЃП со голот на искусниот Симеон Христов има водство на домашен терен во игра која што тотално доминира и носи сигурност за домаќинот.
Од друга страна пак, Башкими е на пат да ја прекине совршената серија на Силекс сезонава. Во Куманово води со 1:0 со голот на Аворнјо.