Потврдени се локациите на шесте спринт трки во новата сезона во Формула 1.

69

Формула 1 и ФИА ги објавија имињата на шесте локации на кои во 2026 година ќе се возат спринт-трки.

Шест патеки во сезоната 2026 ќе бидат домаќини на спринт-трките во Формула 1. Денеска Ф1 и ФИА ги потврдија локациите на овие трки.

За првпат спринт-трки ќе се возат во Монтреал, Зандворт и Сингапур, а тука се и Шангај, Мајами и Силверстоун.

Првата спринт-трка ќе се одржи на Големата награда на Кина од 13 до 15 март, по што шампионатот се сели во Северна Америка (Мајами и Монтреал).

Европските патеки за спринт-трки се британскиот Силверстоун и холандскиот Зандворт, а последната спринт-трка ќе се вози во Сингапур.

Датумите и локациите на спринт-трките во 2026 година:

  • Шангај, Кина: 13–15 март

  • Мајами, САД: 1–3 мај

  • Монтреал, Канада: 22–24 мај

  • Силверстоун, Велика Британија: 3–5 јули

  • Зандворт, Холандија: 21–23 август

  • Марина Беј, Сингапур: 9–11 октомври

Новата Ф1 сезона започнува на 6 март во Австралија, а завршува на 6 декември во Абу Даби. Вкупно ќе се возат 24 трки.

ПретходноФудбалер удри жена што снимаше пенали, прекинат натпревар од Францускиот Куп
СледноАтлетико десеткуван на дуелот со Ливерпул