Трагедија: На фудбалски меч почина некогашниот капитен на Црвена звезда

258
фото: maxbetsport.rs

Некогашниот фудбалер на белградска Црвена звезда, Дејан Миловановиќ починал денеска. Тажната вест ја објавија српските медиуми, известувајќи дека 41-годишниот Миловановиќ починал од срцев удар и тоа за време на фудбалски натпревар.

Поранешниот капитен на Црвена звезда и дел од „генерацијата 1984“ почина во Белград за време на натпреварот меѓу ветераните на Звездера и ПКБ.

Миловановиќ паднал на теренот, веднаш му била укажана помош и бил префрлен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

ПретходноАшковски е нов фудбалер на Раднички Ниш
СледноЛШ полувреме: Олимпик одличен на „Бернабеу“, Бенфика и Тотенхем со минимална предност