ФИФА ќе им исплати 355 милиони долари на клубовите кои имаат репрезентативци во квалификациите за СП 2026

63
ФОТО: FIFA.COM

Секој клуб што има свои играчи во националните тимови за квалификациските натпревари и за Светското првенство ќе добие финансиска компензација од фонд вреден 355 милиони долари, што е дел од приходите од Светското првенство во 2026 година.

Меѓународната фудбалска федерација објави дека програмата, која дистрибуираше стотици милиони долари на клубови чии играчи играле на Светските првенства од 2010 година, сега ќе ги вклучи сите играчи кои учествувале во квалификациите. Од 211-те членки на ФИФА, Еритреја и Русија, кои се суспендирани од меѓународните натпреварувања од 2022 година, не играа во квалификациите.

„Овој нов пристап значи дека секој клуб што ќе ослободи играч во квалификациите за Светското првенство во 2026 година сега ќе добива директна компензација“, се вели во соопштението на светската фудбалска организација.

ФИФА претходно издвои 355 милиони долари за натпреварувањето во САД, Канада и Мексико следната година, како дел од обновениот работен договор со Европската клупска асоцијација потпишан пред повеќе од две години.

ФИФА соопшти дека 440 клубови од 51 земја-членка добиле надомест од програмата за 2022 година, која била пресметана како дневен надоместок за се додека играчот бил со репрезентацијата. Манчестер Сити добил најмногу пари, речиси 4,6 милиони долари.

ПретходноУ17: Минимален пораз на пријателскиот меч со Кипар
СледноЛШ: Лудило во Торино за 4:4, Реал со два пенали до победа, историска сензација на Карабах (ВИДЕО)