Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ сега може да размислува за новата сезона во НБА, откако направил многу важен чекор.
Тој одлучи да купи куќа во Лос Анџелес. Неговиот нов дом ќе биде поранешниот дом на Марија Шарапова, познатата руска тенисерка, а куќата ја купи за 25 милиони долари.
Непосредно пред размената меѓу Далас и Лејкерс, Дончиќ размислувал за купување куќа во Далас, но сè пропаднало откако се случи да оди во Лос Анџелес.
Да се потсетиме, Лука беше избран во првата петорка на Европското првенство, иако неговата Словенија беше елиминирана во четвртфиналето од Германија.