Македонскиот кошаркарски шампиoн, МЗТ Скопје А. оствари и трета победа на пријателските натпревари. Попладнево во „јане Сандански“, „штрковите“ славеа на тест-дуелот со Чаир со 79-63 (23-23, 20-12, 19-16, 17-12).
Неизвесно беше само во првата четвртина, по што шампионот ја презеде иницијативата и лесно стигна до посакуваната цел. Најефикасен кај МЗТ на овој меч беше Гил со 23 поени, додека Мекејден постигна 18.
Следниот подготвителен предизвик за избраниците на тренерот Васко Атанасов ќе биде настапот на турнирот „Андреј Грковски“ во организација на ТФТ, каде што МЗТ Скопје А. го брани трофејот освоен лани.