Милан и Интер за 200 милиони евра ќе го купат Сан Сиро и ќе градат нов стадион

82

Милан и Интер постигнаа договор за купување на областа Сан Сиро, која го вклучува и легендарниот стадион каде играат и двата милански гиганти. Сега се чека на одобрение од Градскиот совет на Милано, објавија италијанските медиуми.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, денеска потврди дека гигантите од Серија А се подготвени да го купат просторот и да изградат нов стадион. Се очекува Милан и Интер да платат околу 200 милиони евра за плацот.

Како што веќе објави „Кориере дела Сера“ претходно ова лето, Милан и Интер планираат да изградат нов стадион во областа, што би вклучувало делумно или целосно рушење на „Сан Сиро“.

Се очекува новиот стадион да има капацитет од 71.500 луѓе. Проектот вклучува и изградба на канцеларии, хотели, медицински центар и малопродажен простор што ќе ја опслужува областа. Областа ќе има и зелена површина од 148.000 квадратни метри.

ПретходноСлот потврди: Исак утре ќе дебитира за Ливерпул
СледноГарабаја пред ПСЖ: Подобро е што сега гостуваме во Париз