Пелистер во четврток во Париз, во недела во Автокоманда!

54

Екипата на Пелистер се подготвува за вториот меч од новата сезона во Лигата на шампиони. Пред актуелниот македонски првак е голем предизвик, во четврток му гостува на ПСЖ (20:45 часот).

Францускиот тим на гостински терен беше поразен од Магдебург, додека пак битолчани на домашен терен славеа против Загреб, за прв триумф во пресметките со хрватскиот клуб.

После обврската во ЛШ, Пелистер во петок се враќа во Битола, а веќе во недела му гостува на Алкалоид во Автокоманда во меч од третото коло во Супер-лигата. Истиот е закажан со почеток во 18 часот.

Кога сме кај домашниот шампионат во третото коло ќе имаме уште еден дерби меч, ГРК Охрид е гостин на Вардар, пресметката е закажана во сабота.

ПретходноБрера нема намера да застане: Одиме во Ѓорче да се надигруваме
СледноЕргин Атаман не успеа да ги сокрие солзите пред турскиот народ (ВИДЕО)