Првиот ривал на Вардар го смени тренерот, во Скопје доаѓа со Игор Вори на клупата

99

Првиот противник на Вардар во ЕХФ Европската лига, хрватски Сесвете, денеска направи неочекувана промена на тренерското место. Како што објави хрватскиот весник „24 часа“, по само еден натпревар во домашното првенство и поразот од Дуго Село, тимот на Сесвете реши да го отпушти тренерот Жељко Бабиќ.

Бабиќ беше претставен за тренер на Сесвете во март оваа година, а сега го напушта клубот од лични причини. Тешко е да се поверува дека поразот од Дуго Село, кој беше изненадувачки, беше причина за отпуштањето на Бабиќ, тврдат хрватските новинари.

Според информациите, Игор Вори ќе го предводи тимот на Сесвете и на првиот меч со Вардар во Скопје. Тој во моментов е директор во клубот.

ПретходноЛШ: Арсенал го расплака „Сан Мамеш“, ПСВ посрамен од Ст. Жилоа (ВИДЕО)
СледноАшковски е нов фудбалер на Раднички Ниш