Тетоважа која го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен

54

Португалскиот репрезентативец Рубен Невес откри нова тетоважа на левата нога во чест на својот трагично починат пријател и поранешен соиграч Диого Жота.

Тетоважата го прикажува Невес како го прегрнува Жота во неговиот дрес со натпис „Диого Ј.“ и бројот 21, кој Невес ќе го носи во дресот на Португалија во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trollside (@umunzani_1)

Жота загина заедно со својот брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија на 3 јули.

Веста за неговата смрт го потресе целиот фудбалски свет, а особено португалската репрезентација. Невес и Жота го делеа теренот во Порто, Вулверхемптон и португалската репрезентација, а нивното пријателство отиде подалеку од фудбалот.

Португалската фудбалска федерација организираше свечена церемонија во чест на Жота и легендарниот капитен на Порто, Хорхе Коста, кој почина од срцев удар на 5 август на 53-годишна возраст.

На церемонијата присуствуваше целата репрезентација на Португалија, вклучувајќи го и капитенот Кристијано Роналдо, а Невес одржа емотивен говор во име на своите соиграчи:

„Јас и целата репрезентација ќе направиме сè за да го задржиме Диого со нас, во нашиот тим. Ти благодарам Хорхе, ти благодарам Диого. Засекогаш си во нашите срца“, рече емотивно Невес.

Семејството на Диого Жота – сопругата Руте Кардосо и родителите – добија специјален медал, а бронзени реплики на дресови со бројот 21 на Жота и бројот 2 на Коста беа откриени во седиштето на ФПФ.

Жота одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 гола.

Во својата клупска кариера, тој играше за Пакос Фереира, Атлетико Мадрид, Порто, Вулверхемптон и Ливерпул.

ПретходноНа Рубен Аморим му се нуди „шанса да избега“ од Олд Трафорд
СледноСилекс по целиот плен во Куманово, Башкими ги почитува ама друг план!