Утре е ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија!

67

Утре во 13 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија.Во оваа фаза се приклучуваа Вардар како победник и Струга ТЛ како финалист од минатиот Куп.

Покрај овие две екипи во баранот ќе бидат и Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Башкими, Пелистер, Новаци, Шкендија Арачиново, Детонит Плачковица, Беласица, Охрид, Силекс, Македонија Ѓ.П., Работнички, Брегалница.

Се игра по еден натпревар, а мечевите во оваа фаза исто ќе бидат развлечени во неколку термини почнувајќи од 24 септември, додека мора да биде завршено во октомври.

ПретходноЕргин Атаман не успеа да ги сокрие солзите пред турскиот народ (ВИДЕО)
СледноЈанков: Македонија ЃП има добар тим и допрва ќе го каже своето сезонава