Фудбалер удри жена што снимаше пенали, прекинат натпревар од Францускиот Куп

37

Фудбалскиот натпревар од третото коло на Францускиот Куп помеѓу понисколигашките клубови Шато-Блан и Кани беше обележан со инцидент. Средбата беше прекината за време на драматичното изведување пенали, откако еден од домашните играчи физички ја нападна фотографката на гостинскиот тим, пишува rmcsport.bfmtv.com.

Напнатоста достигна врв при резултат 4:4, кога седмиот изведувач на домашниот тим требаше да шутира. Играчот на Шато-Блан се изнервирал од преносот во живо и ја нападнал и удрил фотографката на Кани ФК.

По консултација со делегатот и регионалните фудбалски органи, судиите донесоа одлука за конечен прекин на натпреварот. Играчите и стручните штабови чекаа 45 минути на оваа одлука, додека публиката беше замолена да ги напушти трибините. На теренот пристигнаа и неколку полициски службеници за да ја смират ситуацијата.

Случајот ќе го разгледа Дисциплинската комисија на Лигата на Нормандија, а наскоро се очекуваат и сослушувања. Од клубот Кани во неделата вечер порачаа дека нападнатата фотографка е на безбедно, опкружена со своето семејство.

Претходно„Децата на Хаџи“…. клубот на фудбалската легенда на Романија е „фабрика“ за репрезентативци
СледноПотврдени се локациите на шесте спринт трки во новата сезона во Формула 1.