Младинскиот шампион на Македонија, тимот на Работнички, вечерва со почеток во 20:45 часот во Даблин, Ирска, ќе го одигра првиот дуел од квалификациите за младинската Лига на Шампиони против домашниот тим на Шелбурн.
На стадионот Толка Парк, кој што е дом на овој историски гледано доста сериозен тим од Ирска, за тамошниф фудбалски прилики, „Романтичарите“ ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат, што ќе им овозможи добар реванш на 1 октомври во Скопје.
Младинскиот погон на Работнички за овој дуел е „засилен“ со поголемиот дел од првотимците на клубот кој што сеуште се со статус на У19. Од типот на Манојлов, Жаку, Хоџа, Бошнаков….