Дисперзираните фудбалски академии низ Македонија ја добија опремата од ФФМ (ВИДЕО)

176

Фудбалската Федерација на Македонија предмалку објави информација дека е завршен проектот со снабдување на фудбалските академии низ Македонија со опрема за функционирање за следниот период.

Во насока на што подобро функционирање на истите, а со искуството од претходно и како погрешно е работено, раководството на ФФМ стави сериозен акцент на оваа категорија, поточно на дисперзираните фудбалски академии низ градовите во Македонија. Истите секако дека се важна ќелија во функционирањето на целокупниот систем како на фудбалската академија во целина, така и на поединечно ниво кога станува збор за клубовите но и за репрезентациите од најразличен карактер.

ПретходноПМФЛ полувреме: Садик му донесе водство на Тиквеш, дербито во Струга без голови
СледноТиквеш конечно победи сезонава