Некогашниот француски репрезентативец и член на Манчестер Сити потпиша за полски клуб

38
фото: Por Fora das Quatro Linhas (X)

Поранешниот освојувач на Светското првенство со Франција и некогашен ас на Манчестер Сити, Бенжамин Менди (31), конечно најде клуб. Откако заврши сагата со обвинувањата за силување, тој се сели во Полска каде ќе ја продолжи својата кариера. Како што објавија полските медиуми, Менди ќе го облече дресот на Погон Шчечин.

Тој потпишал двегодишен договор и ќе игра за годишна плата од еден милион евра. Зад себе имаше тежок период и две сезони надвор од фудбалот поради судење по обвинувањата за силување, пред конечно да биде ослободен. Во тој период, формално беше член на Сити, но не играше.

По неговото ослободување, тој се врати во Франција, играше за Лориен, а потоа се пресели во Швајцарија во дресот на Цирих.

ПретходноКуртоа: Сега е полесно, сега и Килијан и Арда мора да се враќаат назад
СледноКако патиките од карбонски влакна и шилецот му помагаат на Мондо да ги урива светските рекорди?