ПМФЛ полувреме: Садик му донесе водство на Тиквеш, дербито во Струга без голови

92

Во моментов во тек се два дуела од тековното шесто во случајов вонредно ПМФЛ коло во кое што се среќаваат екипите на Тиквеш и Шкупи, односно Струга Трим Лум и Шкендија.

На полувреме постигнат е само еден гол и тоа во Кавадарци. Во десетиците шанси кои што Тиквеш ги создаде пред противничкиот гол, единствената која што беше искористена, е онаа на Берат Садик кој што реализираше по лошата реакција на Марио Ричков во одбрана. Напаѓачот имаше лесна задача да реализира во празната мрежа на гостите. Претходно, а и потоа, Тиквеш создаде грст ситуации, а идеална шанса имаше и Шкупи преку Марио Станковски.

Од друга страна во Струга, двата тима кои се претенденти за највисок пласман Трим Лум и Шкендија до овој момент не можат да се пофалат со ефикасност.

 

ПретходноКФСМ заврши со „чешлањето“ на терените: Пет сали добија „А условна“ лиценца, во една е забрането да се игра!
СледноДисперзираните фудбалски академии низ Македонија ја добија опремата од ФФМ (ВИДЕО)