Хрватскиот ракометар без грешка – со 12 гола во мрежата на ГОГ!

47
Фото: Пик Сегед

Вечерва се одиграа три натпревари од третото коло во Лигата на шампиони. Од групата на Пелистер, Пик Сегед на гостински терен го совлада ГОГ со 36-21, а во центарот на вниманието беше Марио Шоштариќ. Хрватскиот ракометар постигна 12 гола во исто толку обиди за прва победа на унгарскиот тим. Голманот Тулин имаше 16 одбрани. ГОГ запиша втор пораз, а следниот меч го игра токму против Пелистер на гостински терен.

После поразот од Пелистер, Загреб повторно беше совладан, овој пат на гости кај Висла со 30-27.

Во групата А, Колстад го победи Динамо Букурешт со 31-28 за прва радост оваа сезона, за гостите ова беше втор пораз. Гудјонсон со шест и Јепсон со пет гола беа лидери, Паличка имаше 13 одбрани кај Колстад, во редовите на Динамо Букурешт најдобар беше Негру со пет погодоци.

ПретходноНереалниот проект на Адам Силвер: Манчестер Сити и ПСЖ да играат кошарка
СледноШелбурн го прегази Работнички, нова мизерија за нашиот младински фудбал!