Ракометарите на Бутел Скопје ја забележаа првата победа во Супер-лигата во новата сезона, откако славеа на гостувањето кај Радовиш со 31-24. Триумфот е добредојден после елиминацијата во ЕХФ Евро-Купот во првото коло.
На полувремето избраниците на Горан Кузманоски водеа со 14-11. Најдобар стрелец беше Дамјан Субашевски со девет гола, а голманот Благојче Трајкоски имаше 14 одбрани. На другата страна
Следен предизвик за Бутел Скопје ќе биде домашниот натпревар со Прилеп, на другата страна Радовиш гостува кај Прилеп.