Митревски: ПСЖ е гигант, ќе играме растоварени од притисоци

35
фото: Printscreen

Македонскиот ракметен првак Е. Пелистер денеска заминува за Париз, каде утревечер ќе му гостува на ПСЖ во натпревар од 2. коло на Лигата на шампионите. По стартната победа над Загреб, битолчани се надеваат на добар резултат и на ова прилично тешко гостување.

„Било каков и да е ПСЖ се работи за гигантот во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува самодовербата на играчите, расте психичкиот момент кај секој играч и добро е што ги победивме Вардар 1961 и Загреб и освоивме два бода во ЛШ. Одиме малку порастеретени на гостински терен во Париз. Која било победа или бод освоен во гости добро ќе ни дојде. Не треба уште одсега да правиме калкулации, туку да мислиме натпревар по натпревар. Треба да ја играме својата игра, па што биде – нека биде“, вели искусниот голман на нашиот шампион, Никола Митревски.

Дуелот со парижани е на програмата утре од 20.45 часот.

ПретходноПадна првата „глава“ на стартот на ЛШ: Бенфика го отпушти Бруно Лаге!
СледноКуртоа: Сега е полесно, сега и Килијан и Арда мора да се враќаат назад