Тео Спировски е еден од талентираните ракометари во зелениот дрес, кој доби договор со Пелистер. Од таборот на битолчани објавија дека Тео потпишал четиригодишен договор Пелистер.
„Продолжува тенденцијата на потпишувањето договори со најталентираните играчи од младинските школи. Уште еден играч доби договор на четири години од матичниот клуб, се работи за левиот бек Тео Спировски, кој мината година беше дел од тимот кој стана кадетски шампион, како и од тимот кој настапуваше на младинскиот Фајнал4 од лигата на шампиони“, велат од клубот.