Тасевски: Наместо да седат дома пред телефон, најмладите треба да видат дека има нешто подобро!

45
Фото: РФМ

Ракометната федерација на Македонија денеска претстави своите планови околу Ракометниот караван, кој ќе биде „алатка“ за промена на навиките на децата. Наместо пред телефони, дел од своето време да го минуваат спортувајќи. А ракометот како спорт број еден во Македонија не смее да се грижи за својата иднина, па целта е да се привлечат што повеќе дечиња.

На оваа тема говореше и генералниот секретар, Влатко Тасевски.

„Приказната за Ракометниот караван има за цел да помине во сите градови на Македонија. Сакаме да докажеме дека во сите градови има деца кои го сакаат овој спорт, работници кои сакаат да се развива спортот. Втората фаза на овој проект ќе биде отворање на ракометни школи за во наредните две години барем двојно да се зголеми бројот на млади играчи. Моментално имаме три младински категории, но сакаме да направиме и пионерска селекција до 13 години како што има во регионот. Со овој караван сакаме да направиме датабаза и да видиме дали имаме дечиња кои треба да бидат иднината на ракометот. Нашата цел и идеја беше со Ракометниот караван да им претставиме дека има нешто повеќе од модерното време. Наместо да седат дома пред телефон, најмладите треба да видат дека тимската игра е многу важна за развојот. Сакаме да посетиме што повеќе градови, барем еден до два месечно и за тоа ни е потребна поддршка“, изјави  Тасевски. 

ПретходноМакедонските фудбалери до 18 години одиграа нершено против Унгарија
СледноСколс: Одиш во Париз по Донарума, а не да носиш некој си од Белгија!