Тудор: Не можеме да играме вакви мечеви во серија

29

Тренерот на тимот на Јувентус, Игор Тудор, даде свое мислење околу вчерашниот спектакуларен дуел во рамките од првото коло во Лигата на Шампионите, во кое неговиот тим на домашен терен одигра 4:4 против тимот на Борусија Дортмунд. Јуве имаше негатива до последните секунди но успеа да се извлече од пораз.

„Не можеме да продолжиме со овие драматични натпревари. Беше многу тешко да се соочиме со толку силен тим само три дена по нашиот претходен натпревар. Но, покажавме дека имаме волја за победа и одлична клупа, што е добар знак“, рече Тудор по натпреварот во Торино.

„Имавме некои проблеми, но напаѓавме опасно. Примивме голови од прекини што можевме да ги избегнеме, но имаше добра избедба на индивидуалци, како оној на Кенан Јилдиз. Среќен сум бидејќи, со оглед на околностите, не можевме да одиграме подобар натпревар“, призна Хрватот.

„Немаме „стартери“. Исходот од натпреварите се одлучува во последните 20 минути, а по воведувањето на правилото за пет замени, фудбалот се промени. Проблемот е потребата да се игра на секои три дена. Кенан се исцрпи кон крајот на натпреварот, но се согласуваме со ова прекрасно реми. Во ред е, беше најдоброто што сме способни во моментов“, додаде Тудор.

ПретходноШелбурн го прегази Работнички, нова мизерија за нашиот младински фудбал!
СледноЕнфилд во транс, Ван Дајк погоди со „звукот на сирената”