Вечерва се одиграа три натпревари од третото коло во Лигата на шампиони. Од групата на Пелистер, Пик Сегед на гостински терен го совлада ГОГ со 36-21, а во центарот на вниманието беше Марио Шоштариќ. Хрватскиот ракометар постигна 12 гола во исто толку обиди за прва победа на унгарскиот тим. Голманот Тулин имаше 16 одбрани. ГОГ запиша втор пораз, а следниот меч го игра токму против Пелистер на гостински терен.
После поразот од Пелистер, Загреб повторно беше совладан, овој пат на гости кај Висла со 30-27.
Во групата А, Колстад го победи Динамо Букурешт со 31-28 за прва радост оваа сезона, за гостите ова беше втор пораз. Гудјонсон со шест и Јепсон со пет гола беа лидери, Паличка имаше 13 одбрани кај Колстад, во редовите на Динамо Букурешт најдобар беше Негру со пет погодоци.