Чудото Пафос, голеада во Прага за реми!

11
Фото: Славија Прага Х

Олимпијакос не ја оправда фаворитската улога против дебитантот во Лигата на шампиони, Пафос, откако во Атина одиграа без голови 0-0. Колку беше немоќен грчкиот тим говори и фактот дека речиси цел час играше со фудбалер повеќе, откако гостите во 26-та минута останаа без Бруно, кој доби црвен картон.

За разлика од Атина во Прага бевме сведоци на фудбалска класика, каде Славија и Бодо одиграа неверојатен натпревар, кој траеше околу 100 минути и заврши без победник. Конечните 2-2 се позитива за гостите кои стигнаа до големиот бод, иако имаа негатива од 2-0 кога Славија преку двата голови на Мбоџи имаа контрола на играта и на резултатот. Сепак норвешкиот тим не се откажа од натпреварот, прво утна пенал при 1-0, преку Хок, за да Баси во 78-та минута и Фат во 90-та минута донесат молк на „Фортуна Арената“ во Прага. Гостите ја имаа среќата и во 101-та минута кога Шранц имаше зицер од пет метри, кој беше одбранет од голманот Хаикин.

ПретходноСколс: Одиш во Париз по Донарума, а не да носиш некој си од Белгија!