Вечерва Работнички по позитивен резултат во Ирска

53

Младинскиот шампион на Македонија, тимот на Работнички, вечерва со почеток во 20:45 часот во Даблин, Ирска, ќе го одигра првиот дуел од квалификациите за младинската Лига на Шампиони против домашниот тим на Шелбурн.

На стадионот Толка Парк, кој што е дом на овој историски гледано доста сериозен тим од Ирска, за тамошниф фудбалски прилики, „Романтичарите“ ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат, што ќе им овозможи добар реванш на 1 октомври во Скопје.

Младинскиот погон на Работнички за овој дуел е „засилен“ со поголемиот дел од првотимците на клубот кој што сеуште се со статус на У19. Од типот на Манојлов, Жаку, Хоџа, Бошнаков….

 

ПретходноРеал стана апсолутен рекордер по бројот на пенали кои ги добил во ЛШ
СледноЊукасл во јануари тргнува по Мејно од Манчестер Ј.