Енфилд во транс, Ван Дајк погоди со „звукот на сирената”

32

Стартот на новата Лига на Шампиони вечерва донесе екстра фудбал во кој од неколкуте мечеви кои што се одиграа во вечераниот сандарден термин мора да се извдои оној на Енфилд.

Во кој тимот на Ливерпул го пречека тимот на Атлетико Мадрид и триумфираше со 3:2. Иако е само прво коло овој дуел секако дека ќе се вброи во еден од најинтересните во оваа кампања, тоа со сигурност.

Домаќинот по само шест минути преку Робертстон односно Салах водеше со 2:0, и се наговестуваше на голем домашен триумф.

Сепак, Љоренте погоди пред полувреме за 2:1, а истиот играч во 81. минута донесе и 2:2.

Сепак, Ливерпул не би бил тоа што е годиниве, ако и од оваа ситуација не извлече максимум. Корнерот на Собозлаи го искористи Ван Дајк кој со глава погодува за конечни 3:2, во втората минута од продолжението. Во бес, Диего Симеоне на крајот беше исклучен.

Во останатите мечеви, Интер победи кај Ајакс со 0:2, ПСЖ немаше проблеми со Аталанта 4:0, а Баерн Минхен е пресилен во моментов за Челси и го совлада со 3:1,

ПретходноТудор: Не можеме да играме вакви мечеви во серија
СледноХрватската полиција го приведе европскиот шампион во борење и го протера од земјата