Кавадарци сака победа: Кога ако не сега

85

Екипата на Тиквеш од Кавадарци денеска на свој терен во рамките од новото шесто, вонредно коло од домашниот ПФМЛ шампионат ќе се сретне со тимот на Шкупи. Дуел на две екипи кои во моментов се мачат пред се на резултатски план. Кавадарчани на два пати одиграа нерешено, седоа до сега два бода, а Шкупи е последен без бодови.

Се она што се случува во и околу тимот на Тиквеш периодов дел е потврдено како точно дел е отфрлено како шпекулација. Во секој случај тимот на чело со тренерот Ѓорѓи Мојсов секој пат кога ќе излезе на терен пробува да победат, што во однос на тоа што се вели, кога ако не против последнопласираниот тим на табелата на домашен терен.

„Секако дека посакуваме прва победа сезонава. Тоа е приоритет. Што и да се случува, на терен не менува ништо. Тиквеш оди на три бода и денеска“ – велат од таборот на Тиквеш.

Мечот во Кавадарци стартува од 15:30 часот. Навивачката група „Лозари“ исто така деновиве прави посебна мобилизација за денешниот дуел со што тава стопроцентна поддрѓка на клубот, и во овие специфични моменти.

ПретходноДербито меѓу Вардар и Охрид се сели во „Борис Трајковски“
СледноПросинечки во петок добива отказ на клупата на Црна Гора