Македонија У18 денеска против Унгарија на ФФМ

66

Македонската репрезентација до 18 години денеска со почеток од 16:00 часот на Комплексот Петар Милошевски во Скопје, ќе го одигра пријателскиот дуел против селекцијата на Унгарија.
Претходно оваа генерација на контролниот меч пред неколку дена во Банско, Бугарија, го совлада националниот тим на Индонезија со минимални 1:0.

Сега, селекторот Капинковски ќе има нова можност за проверка на расположливите сили.

Голмани: Александар Трајков (Брера), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Андреј Димовски (АП Брера), Стефан Стаматовски (Вардар), Павел Марковски (Црвена Звезда, Србија), Стефан Секирски (Беласица), Рочи Албан (Воска), Мухамед Мустафи (Ст. Гален, Швајцарија), Матео Кесиќ (Јединство УБ, Србија);

Среден ред: Габриел Талески (АП Брера), Иван Танчев (АП Брера), Бојан Велков (АП Брера), Иво Маркоски (Вардар), Давид Ангелески (Пелистер), Јован Мрмачковски (Пелистер), Душан Заев (Црвена Звезда, Србија), Флори Иљази (Шкендија), Флорен Османи (Арсими), Мартин Горгиев (АП Брера);

Напад: Матеј Сејменов (АП Брера), Стефан Бујаровски (Вардар), Стефан Бранкоски (Марибор, Словенија), Дамјан Буцевски (ИМТ, Србија);

 

ПретходноСуперкупот „Драган Василов-Цевка“ ќе се игра на 28.септември, во СРЦ „Кале“ во Скопје
СледноРеал стана апсолутен рекордер по бројот на пенали кои ги добил во ЛШ