Падна првата „глава“ на стартот на ЛШ: Бенфика го отпушти Бруно Лаге!

76

По синоќешниот неочекуван шок кој го доживеаја на домашен терен на стартот на новата сезона во Лигарта на шампионите, првите луѓе на португалска Бенфика решија да го отпуштат тренерот. Бруно Лаге повеќе не е тренер на португалскиот гигант, кој синоќа загуби од Карабах (2:3) во првото коло од Лигата на шампионите.

Првиот човек на клубот, Руи Коста, објави дека Бенфика очекува да назначи нов тренер до натпреварот од португалското првенство во сабота против АБЦ Фудбал.

Лаге го презеде клубот од Лисабон од почетокот на септември 2024 година, освојувајќи го Португалскиот Лига Куп. Претходно, во 2019 година, тој ја предводеше Бенфика до шампионскиот пехар во националното првенство.

ПретходноЛШ: Лудило во Торино за 4:4, Реал со два пенали до победа, историска сензација на Карабах (ВИДЕО)
СледноМитревски: ПСЖ е гигант, ќе играме растоварени од притисоци