Во моментов во тек се два дуела од тековното шесто во случајов вонредно ПМФЛ коло во кое што се среќаваат екипите на Тиквеш и Шкупи, односно Струга Трим Лум и Шкендија.
На полувреме постигнат е само еден гол и тоа во Кавадарци. Во десетиците шанси кои што Тиквеш ги создаде пред противничкиот гол, единствената која што беше искористена, е онаа на Берат Садик кој што реализираше по лошата реакција на Марио Ричков во одбрана. Напаѓачот имаше лесна задача да реализира во празната мрежа на гостите. Претходно, а и потоа, Тиквеш создаде грст ситуации, а идеална шанса имаше и Шкупи преку Марио Станковски.
Од друга страна во Струга, двата тима кои се претенденти за највисок пласман Трим Лум и Шкендија до овој момент не можат да се пофалат со ефикасност.