Шелбурн го прегази Работнички, нова мизерија за нашиот младински фудбал!

389
Фото: Шелбурн Х

Младинскиот шампион на Македонија имаше кошмарна ноќ во Република Ирска каде талентите на Работнички со полна мрежа го завршија дуелот со врсниците од Шелбурн. Скопскиот тим во својот прв настап во вакво натпреварување разочара со настапот и слабата игра, а конечните 5-0 се доказ дека нашиот младински фудбал е светлосни години наназад дури и од просечни тимови како што е овој на Шелбурн од Р.Ирска.

Првакот на оваа земја со головите Сами, Маре, Рајан и Кохг стигна до голем триумф и недостижна предност пред реваншот во Скопје, кој е закажан за први октомври.

Македонскиот првак, Работнички и сите останати наши клубови треба да ја научат лекцијата дека со аматеризам не може да се игра ниту против просечни екипи како што е Шелбурн. Можеби еден ден некој наш тим ќе го мине првото скалило од ова натпреварување на УЕФА, но тоа се уште се нема случено. Најважни се парите за клубовите кои ќе ги добијат за настап на младинците и развој на младинскиот фудбал, но тие средства никогаш не завршуваат онаму за каде што УЕФА ги праќа и се наменети.

Денешните Шелбурн и Работнички 5-0 е само уште една срамота.

ПретходноХрватскиот ракометар без грешка – со 12 гола во мрежата на ГОГ!
СледноТудор: Не можеме да играме вакви мечеви во серија