Македонската машка ракометна репрезентација договори двомеч со селекцијата на Јапонија, како дел од подготовките пред Европското првенство кое следната година ќе се одржи во три земји.
Избраниците на Кирил Лазаров подготовките за овој континентален собир ги почнуваат со ЕХФ-неделата во која Македонија ќе одигра два пријателски меча во Скопје, а гостин ќе биде азискиот состав, кој ќе биде одлична можност за проверка на квалитетите на нашиот национален тим.
Првиот меч ќе се одигра на 30 октомври, додека вториот е закажан на 1 ноември.