ЛШ: Бриж го „испегла“ Монако, Баер (Л) се спаси од пораз на „Паркен“

27

Германскиот бундеслигаш Баер (Л) се враќа само со бод од гостувањето кај ФК Копенхаген, иако реално, можеше да остане и со празни раце, ако се знае дека домашните двапати водеа, а гостит епрактично до еден бод стигнаа во првата минута од судиското надополнување.

ФК Копенхаген вечерва покажа одличен фудбал и заслужи да ги освои првите бодови во годинешната лигашка фаза на најсилното европско натпреварување. Головите за домашните ги постигнаа Ларсон и Робер, додека Баер (;) двапати израмнуваше преку Грималдо, кој постигна фантастичен гол од слободен удар, а на крајот и среќно по автоголот на Хацидиакос.

Во вториот попладневен дуел, Бриж му отчита лекција на Монако победувајќи со 4:1. Гостите имаа шанса први да го отворат резултатот, но Акључе промаши пенал во 10. минута. Потоа следуваше канонада од домашниот тим, кој со головите на Тресолди, Ониедка и Ванакен замина на пауза со висока предност од 3:0.

Четвртиот гол за домашните го постигна Диахон, додека почесниот гол за Французите беше дело на Ансу Фати.

ПретходноФухсе Берлин и Спортинг нанижаа и втора победа, „сефте“ за Веспрем
СледноВест Хем преговара со Лампард за да го замени Потер