Пелистер и Реџо Емилија го најавија дуелот во Самоков (ВИДЕО)

37

Екипата на Пелистер утре во Самоков ја почнува својата европска авантура. Битолчани одлучија да ја разбијат монотонијата во македонската кошарка и да одат едно скалило погоре, да се пробаат на европска сцена, а со тоа да придонесат за подобро утре во овој спорт, но и да ги разбудат заспаните клубови.

Пелистер ќе игра квалификациски турнир за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони, а противник на овој пат ќе биде италијанскиот тим, Реџо Емилија. Ова е екипа за која не треба да се трошат зборови околку нејзиниот квалитет.

Дуелот го најавија Бобан Стајиќ и Микеле Витали, тие испратија порака во духот на фер и коретната игра.

„Здраво Бобан, здраво Пелистер, со нетрпение го очекуваме нашиот дуел и новата авантура, конечно се враќаме на терен, се гледаме“, рече Микеле, кошаркарот на Реџо Емилија.

Стајиќ потенцира дека сите возбудени бидејќи за првпат во својата историја овој тим ќе се проба на европска сцена.

„Здраво Микеле поздрав до целата екипа на Реџо Емилија се наоѓаме пред еден голем предизвик пред нас бидејќи ова е прв натпревар на клубот во европските натпреварувања. Се надевам на добра и коретна игра“. 

Дуелот е закажан во 15:30 часот.

ПретходноУО на ФФМ одлучи: Македонија – Казахстан за 400 и 300 денари
СледноПМФЛ полувреме: Вардар доминира кај Арсими, Работнички конечно заигра како што треба