Екипата на Пелистер вечерва (20:45 часот) му гостува на ПСЖ во меч од второто коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак е атусајдер во оваа пресметка, но тоа пак нема да биде причина за да момците од зелениот дрес одиграат добар натпревар и да ги искористат своите шанси.
Битолскиот тим на отварањето против Загреб се покажа во едно поинакво издание од минатата сезона, испрати порака дека противниците ќе мораат да се помачат доколку сакаат да ги победат, па и да се фаворити.
За жал на оваа средба и следниот период во составот ќе го нема иранскиот голман, Саид Хаидарирад кој на дуелот против Загреб на кој блескаше, ја обнови повредата со која се здоби на турнирот во Охрид, се работи за парцијална руптура на задната ложа.
За разлика од Пелистер кој тргна со победа, ПСЖ беше поразен од Магдебург на отварањето на Лигата на шампиони.