Пелистер се исплаши од сензација, ПСЖ со фуриозен финиш до победа!

98

Актуелниот македонски првак, Пелистер го запиша првиот пораз во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај ПСЖ беше совладан со 33-27. Битолчани беа рамноправен противник, но за жал не успеа да ги искористи бројните шанси кои ги имаа на овој натпревар. Поразот е убедлив, но истиот не дава реална слика, бидејќи францускиот тим во финишо успеа да го урне отпорот на Пелистер.

Митревски имаше десет одбрани, Манасков пет гола, додека Кузмановски запиша четири. Наа другата страна младот голман Сулие се покажа како клучен со шест одбрани, Пранди беше стрелец на 11 погодоци.

Пелистер добро влезе во мечот, беше рамо до рамо со фаворитот ПСЖ. Кузмановски во 12-та минута го донесе првото водство, на другата страна техничките грешки скапо ги чинеа битолчани. ПСЖ со серија од 5-0 поведе со 11-7 во 18-та минута, во меѓувреме Гарабаја повика тајм-аут. Цехте на кратко го прекина налетот на противникот за 11-8. Францускиот тим продолжи да ја зголемува предноста, со голот на Пранди за 15-10 во 22-та минута. Младиот Брестовац влезе на местото на Митревски. Пелистер сепак успеа да се издигне, по последните минус пет, со серија од 5-0 изедначи на 16-16, резултат со кој заврши првото полувреме.

Пелистер не застана тука, Митревски проработе (4 одбрани), ПСЖ грешеше, па во 37-та минута поведе со највисоки 18-21, беше и 19-22. Македонскиот првак не искористи напад за плус четири, Пранди и Стејнс израмнија на 23-23 во 44. минута. Пранди со десетиот гол го врати минималното водство 25-24. Мечот влезе во неизвесна завршница, во која домаќинот го искористи своето искуство, со серија од 7-0 на крилата на Шипжак, Пранди и Јахија, како и младиот голман Сулие го решија мечот за конечни 33-27.

Следен противник на Пелистер е ГОГ, мечот го игра на домашен терен.

ПретходноРакометарките со победа над Тунис го почнаа „Трофеј Македонија“ (ФОТО)
СледноКантона: ФИФА и УЕФА до каде сме со двојните стандарди? Суспендирајте го Израел!