Првата лига стартува на 4. октомври: МЗТ Скопје одбраната на титулата ја почнува против дебитантот Маџари

43

Денеска во КФСМ се одржа Здружение на прволигашите на кое се одржа и ждрепката за новата сезона во Прва лига која стартува на 4.октомври. Во првото коло ќе се сретнат бранителот на шампионската титула, МЗТ Скопје и дебитантот во елитата, Маџари.

Ќе биде интересно во Скопје каде Работнички го пречекува Пелистер. Во продолжение можете да ги видите останатите двојки.

ДВОЈКИ 1. КОЛО (4.ОКТОМВРИ)

Феникс 2010 – Ангели

Чаир 2030 – МКК Куманово

Кожув – ТФТ

Маџари – МЗТ Скопје Аеродром

Гостивар – Тиквеш

Работнички – Пелистер

Инаку, официјално, оваа натпреварувачка сезона во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со одигрувањето на Суперкупот. Натпреварот помеѓу шампионот, МЗТ Скопје Аеродром, и ланскиот финалист во Купот на Македонија, Кожув, ќе се игра на 28. септември, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

ПретходноМакедонија со пад од едно место на најновата ФИФА ранг-листа
СледноПелистер доаѓа со една цел во Скопје – да ја смени традицијата против Работнички