Симеоне ја откри својата страна од приказната: 90 минути имав жестоки напади!

95

Диего Симеоне речиси повторно се покажа како фатален за Ливерпул, како во 2020 година кога славеше на Енфилд и се пласираше понатаму. Но, со голот на Вирџил ван Дајк во судиското продолжение, Ливерпул славеше со 3:2, а токму по тој гол се случија непријатни сцени зад клупата на Атлетико.

Во центарот на вниманието беше Диего Симеоне, кој нападна навивач, повеќе за тоа ТУКА, а Аргентинецот ја откри и својата страна од приказната.

„Навивачите зад клупата ме навредуваа во текот на целиот натпревар, а се зборува дека сите ќе бидат заштитени. Очигледно е дека нема оправдување за моето однесување, а го навредив и него на крајот. Но, пред тоа, претрпев 90 минути жестоки навреди. И кога ќе се свртите кога противникот ќе постигне гол и тие продолжуваат да ве навредуваат, не е лесно. Судијата ја разбира ситуацијата. Се надевам дека Ливерпул како клуб може да ги исправи и реши овие работи. Кога ќе го идентификуваат лицето што го сторило тоа, мора да ги сносат последиците. Но, оној што мора да остане смирен и да ги прифати навредите сум само јас. Во мојата позиција, морам да прифатам такви работи“, рече Симеоне.

Што се однесува до мечот потенцира дека мечот бил одличен, а неговите момци добри против еден храбрат тим како што е Ливерпул.

„Вистината е дека тоа беше прекрасен натпревар, пред фантастични навивачи, против тим полн со одлични играчи. Имавме свое оружје и направивме сè за да го однесеме натпреварот во насоката што ја сакавме. Мислам дека бевме доста опасни.

Ливерпул е храбар тим, го покажаа тоа минатата сезона, играјќи силно во Лигата на шампионите. Имавме свои силни страни и дојдовме тука да одиграме добар натпревар. Знаеме дека овие натпревари се долги. Резервите помогнаа да се компензира она што се случи во првите минути. Но, потоа се случи она што се случи“, додаде Аргентинецот.

Претходно„Ја слушнав веста за Мурињо – каква чудна случајност во животот“
СледноНајлошиот Манчестер во историјата бележи рекордни профити