Систем и календар за натпреварување во МТЕЛ Супер лига-мажи за натпреварувачката сезона 2025/2026

42

На денешниот состанок со претставниците на Здружението на клубовите од МТЕЛ Супер лигата-мажи, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, го презентираше системот и календарот за натпреварување за претстојната натпреварувачка сезона 2025/2026.

Новата натпреварувачка сезона стартува на 4. октомври, а по 22 одиграни кола, следува втората фаза во која ќе се игра лига со шест екипи, еднокружен бод систем, во пет кола, по принцип: секој со секого.

За рангираните екипи од седмо до дванаесетто место, играат шест екипи по пласманот од првиот дел: се игра лига со шест екипи, еднокружен бод систем, во зависност од пласманот после првиот дел од сезоната.

Последнопласираните три екипи испаѓаат од МТЕЛ Супер лига – мажи. првопласираните четири екипи играат плеј-оф за титула државен првак за сезона 2025/26.

https://kfsm.mk/blog/sistem-i-kalendar-za-natprevaruvanje-vo-mtel-supe?fbclid=IwY2xjawM437hleHRuA2FlbQIxMQABHgWUWXabwAQ_rcUQKkugxqIIfWWiwmJ4D6SAp1BN0acyda40WDt2KvviR5IQ_aem_8ts7JtzgA68NC6nfHFEWoA

ПретходноУште еден удар за Алвеш: Го изгуби судски спор со клубот, ќе мора да му плати милиони
СледноБилетите за ОИ во Лос Анџелес се наскоро во продажба: Почетните цени се многу ниски!