Делумно прифатена тужбата на Ердем Алпарслан: Шкупи треба да му исплати над 43.000 евра

0
ФОТО: FK Rabotnicki/FB

Комората на ФИФА за статус на играчи донесе одлука со која тужбата на турскиот тренер Ердем Алпарслан против ФК Шкупи 1927 АД е делумно прифатена.

Со оваа одлука, клубот од Чаир е задолжен да му исплати на играчот:

10.136,49 евра како заостаната плата, заедно со камата од 5% годишно, пресметана за секој поединечен износ и период на доцнење:

– 1.136,49 евра од 16 април 2025 година,

– 3.000 евра од 16 мај 2025 година,

– 3.000 евра од 16 јуни 2025 година,

– 3.000 евра од 6 јули 2025 година, сè до денот на целосна исплата.

Дополнително, клубот е должен да исплати 33.000 евра како обесштетување за раскин на договорот, заедно со законска камата од 5% годишно, почнувајќи од 6 (месецот ќе се наведе во целосната одлука) 2025 година, до денот на целосна исплата.

Согласно член 8 од Анекс 2 од Правилникот за статус и трансфер на играчи, доколку целосната уплата (вклучително и сите законски камати) не биде извршена во рок од 45 дена од приемот на оваа одлука, ќе се применат следните последици:

  1. Тужениот ќе биде суспендиран од регистрација на нови играчи, било на национално, било на меѓународно ниво, сè додека долгот не биде целосно подмирен. Максималното времетраење на забраната е три цели последователни регистрациски периоди.
  2. Доколку и по истекот на трите цели последователни регистрациски периоди не биде извршена целосната уплата (вклучително и сите законски камати), предметот, по барање, ќе биде доставен до Дисциплинската комисија на ФИФА.Последиците ќе се применат само на барање на тужителот, во согласност со член 8, став 7 и 8 од Анекс 2 и член 25 од Правилникот за статус и трансфер на играчи.
ПретходноСлот: Ако сакате да победите тим како Атлетико, мора да го користите нивното оружје!