Пелистер по чудо во Париз!

29

Екипата на Пелистер вечерва (20:45 часот) му гостува на ПСЖ во меч од второто коло во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак е атусајдер во оваа пресметка, но тоа пак нема да биде причина за да момците од зелениот дрес одиграат добар натпревар и да ги искористат своите шанси.

Битолскиот тим на отварањето против Загреб се покажа во едно поинакво издание од минатата сезона, испрати порака дека противниците ќе мораат да се помачат доколку сакаат да ги победат, па и да се фаворити.

„Мораме да се фокусираме на самите себеси, за да напредуваме секојдневно. Треба да се фокусираме на добрите страни на ПСЖ и да го дадеме најдоброто од себе. Да се обидеме да бидеме ефективни и ништо да не му биде лесно на ривалот. ПСЖ има супер-тим, со супер-ракометари и одличен тренер. Добро е што играме со нив на почетокот на сезоната, бидејќи секојдневно ќе напредуваат. Во Париз нема да ги имаме нашите навивачи, нашиот осми играч, но сигурно ќе ја почувствуваме нивната поддршка“, рече Рубен Гарабаја.

За жал на оваа средба и следниот период во составот ќе го нема иранскиот голман, Саид Хаидарирад кој на дуелот против Загреб на кој блескаше, ја обнови повредата со која се здоби на турнирот во Охрид, се работи за парцијална руптура на задната ложа.

За разлика од Пелистер кој тргна со победа, ПСЖ беше поразен од Магдебург на отварањето на Лигата на шампиони.

ПретходноФотосесија за вечноста: Алкалоид и шампионскиот трофеј од ЕХФ Европскиот Куп (ФОТО)
СледноСо одлука на УЕФА, и Словачка има титула Европски првак во фудбал