Ракометарките со победа над Тунис го почнаа „Трофеј Македонија“ (ФОТО)

103

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“. Денеска на првиот ден од натпреварите во СЦ „Билијанини Извори“ во Охрид, нашите ракометарки беа подобри од селекцијата на Тунис со 34-27.

Нашите ракометарки доминираа во текот на целиот меч, на одморот водеа со 15-12, а во продолжение без проблем ја зголемија позитивата. Тунижанките се обидуваа да влезат во ритам, но мудро успеавме да ја одржиме предноста и во финишот да влеземе со пристојни +7 кои тешко можеше да се „прокоцкаат“.

Ризоска и Дамановска со по 6 погодока беa најефиканси во нашата репрезентација.

Следен противник на Македонија е Египет, а мечот се игра утре со почеток во 20:30 часот.

ПретходноХамилтон: Оваа сезона се прилагодувам на работата во Ферари
СледноПелистер се исплаши од сензација, ПСЖ со фуриозен финиш до победа!