Српскиот бисер испиша историјата во дресот на Барселона

0
Фото: ФИБА

Српскиот кошаркар Никола Кустурица влезе во историјата на Барселона, станувајќи најмладиот дебитант од основањето на каталонскиот клуб.

Кустурица го прослави своето име на европската кошаркарска мапа за време на кадетското првенство ова лето.

Српскиот бисер ги предводеше „Орлите“ до шампионската титула, а потоа ја однесе и ласкавата награда за најкорисен играч МВП.

Со 16 години, четири месеци и 17 дена, Кустурица го надмина Ерик Виља и стана најмладиот играч што дебитираше за Барса.

Жоан Пењароха му даде шанса на Кустурица во пријателскиот натпревар против Андора, кој Барселона го доби со резултат од 90:81.

ПретходноЕлиф и Наполи вечерва против Манчестер Сити