Ќе има истрага: Кој ги плукаше навивачите на Ливерпул?

101

УЕФА најави спроведување на истрага по извештаите за тоа дека еден член на тренерскиот штаб на Атлетико Мадрид плукнал кон еден навивач на Ливерпул.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше исклучен поради расправија со навивачите на крајот од натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите, откако домашните погодија во судиското продлжение за 3:2.

Навивачот на Ливерпул, Џони Поултер, тврди дека помошникот на Симеоне плукнал кон него за време на инцидентот. Според „Тајмс“, УЕФА има намера да ги истражи овие обвинувања. Видеата снимени од навивачите на „Енфилд“ и објавени на социјалните мрежи покажуваат како еден од членовите на персоналот на Атлетико плука во правец на навивачите.

ПретходноМакедонија ќе биде домаќин на младинското Европско првенство во борење 2026
СледноУЕФА потврди: Барселона ќе го пречека ПСЖ на „Монжуик“