Елиф и Наполи вечерва против Манчестер Сити

52

И во оваа сезона на новата Лига на Шампиони, Македонија повторно ќе има за кого да навива. Елиф Елмас повторно го носи дресот на Наполи, каде што летово официјално се врати, а клубот од Неапол вечерва гостува ни помалку ни повеќе туку кад Манчестер Сити.

Нашиот интернационалец по лошиот период во Лајпциг, повторно се враќа на најголемата сцена, а ќе видиме колку вечерва ќе добие минутажа.

Елмас подолг период немал полни деведесет минути на терен, барем што се однесува до клупскиот фудбал, и норнално дека ќе му биде потребен период да ја врати својат препознатлива форма. Сепак, сите посакуваме вечерва да добие шанса да настапи и нормално да постигне гол. Мечот започнува во 21:00 часот.

ПретходноСо одлука на УЕФА, и Словачка има титула Европски првак во фудбал
СледноСрпскиот бисер испиша историјата во дресот на Барселона