ЛШ: Рашфорд го замолкна „Ст. Џејмс Парк“, Наполи со играч помалку не можеше со Сити (ВИДЕО)

38

Со два гола на Маркус Рашфорд, Барселона победнички го почна настапот во Лигата на шампионите на гостински терен кај Њукасл, во едно од двете големи дербија вечерва во последните дуели од 1. коло. Каталонците успеаја да го преживеат стартниот притисок на домашните, не успеаја да погодат до полувреме, но во вториот дел на сцена стапи англискиот репрезентативец кој со два гола за неполни 10 минути сам го реши натпреварот. Њукасл сериозно може да жали за неколку извонредни шанси во првиот дел кои момците на Еди Хау не успеаја да ги претворат во гол. Сепак, во завршницата Ентони Гордон успеа да намали на 1:2, што беше и конечен резултат на мечот.

Во второто дерби на „Етихад“, Манчестер Сити успеа да го совлада Наполи со 2:0 во меч во кој италијанскиот шампион мораше да игра со играч помалку од 21. минута, кога Ди Лоренцо беше исклучен поради старт врз Халанд како последен играч во одбраната на Италијанците. Од тој момент Манчестер Сити заигра „викторија“ пред голот на Милинковиќ-Савиќ и само прашање на време беше кога ќе победе. Првиот гол дојде во 56. минута кога Халанд погоди за 1:0, а точно 10 минути подоцна, Жереми Доку зголеми и на 2:0.

На останатите два меча вечерва убедливи победи за домашните екипи. Ајнтрахт (Ф) дозволи Галатасарај да поведе во Франкфурт, а потоа да постигне пет гола во победата од 5:1. Во Лисабон Спортинг без поголеми проблеми го „реши“ Каират Алмати со 4:1.

ПретходноКантона: ФИФА и УЕФА до каде сме со двојните стандарди? Суспендирајте го Израел!
СледноМитревски: Покажавме дека можеме да се носиме со квалитетни противници!