У17: Втор пораз од селекцијата на Кипар

51
фото: ffm.mk

Репрезентацијата на Македонија до 17 години, претрпе нов пораз против Кипар во пријателски натпревар. Откако во вторникот беше 1:0 за противничката селекција, денеска Кипраните ја совладаа нашата селекција поубедливо со 3:0, на мечот одигран во Радовиш.

Кипар го отвори резултатот во 28. минута преку Христодулидес. Резултатот од 1:0 беше актуелен по првиот дел.

Во второто полувреме во 56. минута Герасиму зголеми на 2:0. Во судиското надополнување од натпреварот, Неофиту успеа да постигне и трет гол за Кипар, за конечен триумф на гостите од 0-3.

ПретходноОфицијално: Шкупи се враќа на Чаир
Следно„Романтичарите“ со прва победа сезонава (ФОТОГАЛЕРИЈА)