Фухсе Берлин и Спортинг нанижаа и втора победа, „сефте“ за Веспрем

21
фото: OneVesprem (X)

Европскиот вицешампион Фухсе Берлин ја прокнижи и втората победа на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен го совлада дански Алборг во големото дерби со 31:28. Одлично издание кај Германците имаше двоецот Гидсел/Фрајхофер, кои заедно постигнаа дури 15 гола. Кај Алборг се истакнаа Арнолдсен и Јенсен со по 5 погодока.

Втора сезонска победа оствари и португалскиот првак Спортинг. Во Лисабон денеска падна Келце. „Лавовите“ славеа со 41:37 и покажаа дека годинава и во оваа силна конкуренција ќе целат на висок пласман.

Мота Коста со 9 гола беше незадржлив кај Спортинг, додека кај Келце најефикасен беше Сицко со 8 погодока.

По стартниот пораз против Алборг, ракометарите на Веспрем вечерва пред своја публика ја остварија првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите. Унгарците беа подобар тим во дуелот со Нант и на крајот славеа со 30:25.

Уго Дескат со 8 гола беше незадржлив за Нант, а одлична партија кај победниците имаа и Ремили со 6 и Маргуч кој заврши со 5 гола од исто толку упатени удари кон противничкиот гол. Кај Нант најефикасен беше Леополд со 5 погодоци.

 

ПретходноУЕФА потврди: Барселона ќе го пречека ПСЖ на „Монжуик“
СледноЛШ: Бриж го „испегла“ Монако, Баер (Л) се спаси од пораз на „Паркен“