Шмајхел: Од сите голмани, Манчестер Ј. купи голман за кого првпат слушнав

64
фото: SimplyUtd (X)

Легендата на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, изјави дека неговиот поранешен клуб го донесе погрешниот голман како замена за Онана. Според Шмајхел, тој самиот никогаш не слушнал за Сене Ламенс, кој од Белгија дојде да го замени Онана, кој замина на позајмица во Трабзонспор.

Јунајтед беше поврзуван со Емилијано Мартинез од Астон Вила и Џанлуиџи Донарума од ПСЖ во текот на летото, но на крајот го донесоа Сене Ламенс од Антверпен.

„Требаше да го донесеме Еми Мартинез. Кога тоа не беше реално, требаше веднаш да дадеме сѐ од себе за Џанлуиџи Донарума. Имавме шанса“, рече Шмајхел, кој важи за еден од најдобрите голмани на Манчестер Јунајтед низ историјата.

ПретходноВест Хем преговара со Лампард за да го замени Потер
СледноХамилтон: Оваа сезона се прилагодувам на работата во Ферари